Хабиб Нурмагомедов: Во денешно време тешко е да си маж!

Hабиб Нурмагомедов не престанува да влегува во несакани ситуации. Неодамна реагираше против владата во Дагестан, бидејќи тие не сакаа да ја коментираат за еротската претстава што се случи во Махачхала пред неколку дена. Во моментов е казнет од Атлетската комисија на Невада и нема да може да се бори девет месеци. Шампионот ќе мора да плати и околу 750.000 долари, што ја вклучува неговата парична казна и онаа на неговите пријатели. Износот ги вклучува и трошоците за адвокатите. Се на се, многу му се собра и денес непоразениот борец изјави дека во денешно време не е лесно да се биде маж.

„Има две нешта кои секогаш ќе бидат заедно, тоа се мажот и проблемите. Не може бидеш маж, а да немаш проблеми. Да се ​​биде маж е многу тешко, особено во денешно време“.

https://www.instagram.com/p/BucKVSCA1G8/?utm_source=ig_embed

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО