Чаел Сонен против Лиото Мачида

Белатор ги завршува детали за борбата меѓу Чаел Сонен (31-16-1НЦ) и Лиото Мачида (25-8).

Борците се согласија на борба што би требало да се одржи ова лето.

Датумот и локацијата се уште не се потврдени, а мечот ќе се одржи во полутешка категорија.

41-годишниот Сонен во последната борба во октомври загуби со нокаут во првата рунда од Федор Емелијаненко.

40-годишниот Бразилец по 11 години го напушти УФЦ каде што бил шампион во полутешка категорија, а во декември во дебито за Белатор со одлука на судиите го порази поранешниот првак во средна категорија Рафаел Карваљо и моментално е во низа од три победи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО