Хабиб Нурмагомедов снимен како исмева бездомници (ВИДЕО)

Вознемирувачки снимки се појавија на социјалните мрежи, а се објавени од Хабиб Нурмагомедов. Имено, шампионот на УФЦ во лесна категорија и неговиот братучед Абубакар Нурмагомедов ги исмејуваат бездомниците на улиците на Њујорк.

Во прашање се три снимики кои спрема информациите, во форма на Инста стори, биле објавени од страна на Хбаиб, и многу бргу да бидат отстранети, но не толку брзо да не стигне никој да ги опреми и да ги објави на други канали. На нив гледаме како Абубакар ги плаќа бездомниците да прават склекови, додека Хабиб сето тоа го снима и гласно се смее на тие постапки.

На снимките се два различни бездомници, што е знак дека Нурмагомедови си направиле малку подолга забава. Интересно, во прашање се улиците во Њујорк, но не знаеме зошто биле таму, бидејќи тренираа во Калифорнија. Абубакар се подготвува за настап на ПФЛ 2 настанот, откако не успеа да забележи победа во првиот настап.

Се чини дека ова е крст кој ќе мора да го носи Хабиб по договорот за борбата против Конор Мек Грегор. Сега е во центарот на вниманието и ќе мора да внимава што прави. Освен ако не мисли дека со ова не направил ништо лошо, дури тогаш тоа би било проблем.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО