Хабиб Нурмагомедов: Сè оди според планот

Хабиб Нурмагомедов вели дека сè оди според планот во подготовките за неговиот следен меч.

„Орелот“ ќе слета во октагонот на УФЦ 254 во меч за обединување на титулите со Џастин Гејџи во главната борба на вечерта. Хабиб не се борел една година, а во последната борба ги обедини титулите во пресметката со Дастин Пориер во септември минатата година во Абу Даби.

Нурмагомедов има скорд 28-0 во ММА и планира да замине во пензија по две борби. На почетокот на минатиот месец, Хабиб ја загуби најголемата поддршка во кариерата – неговиот татко Абдулманап, кој почина. Ќе биде интересно да се види како тоа ќе влијае на него во кафезот. Непоразениот Дагестанец ги одбројува деновите до борбата и е нетрпелив.

„Остануваат уште 11 недели до борбата. Сè оди според планираното. Ниту еден ден не поминува без тренинг. Се гледаме на УФЦ 254“, напиша Хабиб.

https://www.instagram.com/p/CDqrDaQsKej/

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО