Мечот меѓу Тајсон и Џонсон е преместен за ноември

Егзибицискиот меч меѓу легендите Мајк Тајсон и Рој Џонс е преместен за 28 ноември. Не е јасна причината за оваа одлука.

Тие требаше да се борат за 12 септември во Калифорнија во 8 рунди без судии. Средбата меѓу нив веќе има официјално промо и постер, но за жал ќе мора да почекаме подолго за да го видиме.

Ова ќе биде прв меч за Железниот Мај по 15 години. Се пензионираше со серија од два последователни порази во далечната 2005 година. 54-годишниот ветеран беше категоричен дека ќе продолжи со нокаутите и нема да се штеди, иако борбата е од егзебициски карактер. Мајк е познат по нокаутите во тешка категорија и во својата кариера има 44 победи со нокаут, во која има 50 победи и 6 порази. Рој има 47 победи со нокаут и држи рекордни 66 победи и 9 порази во рингот.

https://www.instagram.com/p/CDsEUGCpy2T/

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО