Хабиб нема да биде со Махачев во борбата против Волкановски

Поранешниот шампион на УФЦ, Хабиб Нурмагомедов неодамна објави дека се повлекува од спортот и дека сака да се посвети на семејството.

Многумина беа заинтересирани дали Хабиб ќе го предводи Ислам во првата одбрана на титулата.

Имено, на 12 февруари на настанот УФЦ 284 во Перт, Махачев ќе го брани појасот во лесна категорија против Александар Волкановски.

„Остануваш сам кога се затвора вратата од кафезот. Секако дека ќе биде поинаку без Хабиб, но веќе неколку пати се борев без него. Не може секогаш да биде покрај мене. Секако, добро е да се слушаат неговите совети, бидејќи тој најдобро знае што се случува“, рече Ислам Махачев и додаде:

„Добро е кога имаш таква личност до себе, бидејќи не треба да трошиш енергија на некои работи. Но, целосно го разбирам, сака да поминува повеќе време со семејството. Сите тие тренинзи и борби, чести патувања, веројатно сето тоа му се насобрало. Сфатил дека поминува малку време со нив“…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО