Хабиб: Конор Мек Грегор е лав, но со слаби противници

Хабиб Нурмагомедов тврди дека на Конор Мек Грегор не му оди добро во битките со врвните борци. Орелот мисли дека Конор изгледа како лав, но само против слабата конкуренција.

Ако ги погледнеме статистиките на Конор од последните неколку години, тогаш не можеме да го оспориме тврдењето на Хабиб. Конор победи само на 1 од последните 5 борби во боречките вештини. Тој е многу далеку од неговите најдобри години.

Мек Грегор извојува една победа над Доналд Цероне, но не е тајна дека „Каубојот“ веќе не е тоа што беше. Оваа година, Конор претрпе два последователни порази од Дастин Пориер и во моментов има скршеница на ногата.

„Нема две мислења за ова прашање. Конор Мек Грегор излегува и го победува Доналд Цероне. Тој изгледа како лав во оваа битка, но против врвните борци изгледа како исплашено пиле“, рече Хабиб на прес -конференција во Русија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО