Хабиб го покажа скршеното стапало (ФОТО)

Хабиб Нурмагомедов не само што доминантно го победи Џастин Гејџи, туку тоа го направи и со скршено стапало.
По борбата, претседателот на УФЦ, Дана Вајт откри дека борбата имало шанси и да не се одржи бидејќи пред некоја недела Хабиб заработил скршеница на два прста од стапалото.

Многумина со скепса ја прифатија оваа изјава неверувајќи дека Хабиб би се борел со скршеница.
Сега самиот Хабиб на својот инстаграм профил објави фотографија од скршеното стапало и ги замолкна оние кои не веруваа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО