Презентиран специјалниот појас на ВБЦ за Мајк Тајсон – Рој Џонс

Светскиот боксерски совет (ВБЦ) подготви посебен појас за победникот во егзебициската борба меѓу поранешниот неприкосновен шампион во тешка категорија Мајк Тајсон и поранешниот светски шампион во четири категории Рој Џонс Јуниор.

Појасот се нарекува борбен појас ВБЦ Фронлајн/ WBC Frontline. Тајсон, 54 години и Џонс, 51, ќе го оджрат својот меч од 8 рунди на 28 ноември во САД, во траење од по 2 минути.

За да се утврди победникот, ќе се користи далечински систем за бодување развиен од ВБЦ за пандемијата на коронавирусот, се вели во соопштението за печатот.

Тројца поранешни светски шампиони ќе ја оценуваат секоја рунда и нивните резултати ќе бидат пријавени во јавноста. Спортската комисија во Калифорнија ќе ја регулира, контролира и решава оваа битка. Исто така е објавено дека и двајцата боксери влегле во програмата за доброволен тест за допинг на ВАДА пред борбата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО