Арум категоричен: Договорот со Вајлдер истече!

Нема да има трет меч помеѓу Тајсон Фјури и Дионтеј Вајлдер, а договорот за тоа истече, категоричен е Боб Арум.

Шефот на Топ ранг, кој се грижи за интересите на „Кралот на Ромите“, категорично ги отфрли тврдењата на менаџерот на Вајлдер дека мечот се уште е на дневен ред. Според Шели Финкел, „Бронзениот бомбардер“ е сигурен противник на Фјури, но Арум уште еднаш ја исклучи оваа можност.

„Ова апсолутно не е точно. Немам претстава за што зборува. Фјури има адвокат во Велика Британија – Роберт Дејвис. Тој го прочита договорот. Договорот е истечен. Чисто е. Шели може да каже што сака. Чудно, последен пат разговарав со Шели за време на средбата во која Вајлдер загуби. Оттогаш не сме се слушнале“, рече Арум.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО