Хабиб ги потврди гласините околу големата борба со Мек Грегор: Наскоро доаѓам на подготовки во Калифорнија!

Во изминатите неколку недели се повеќе се зборува за борбата меѓу сегашниот и поранешниот шампион во лесна категорија, а сега Хабиб Нурмагомедов сам откри дека УФЦ ја договара неговата голема пресметка со Конор Мек Грегор.

„Кога УФЦ ќе ми ја одреди борбата ќе дојдам во Калифорнија и ќе останам таму во AKA девет недели до мечот. Наскоро доаѓам во САД и почнувам со тренинг-кампот“, изјави непобедливиот Дагестанец за време на Live Raise емитирањето.

Желбата на Хабиб е јасна, тој сака уште оваа година за прв пат да го брани појаост освоен во почетокот на април во борбата со Алама Јакинта.

„Сакам да ја бранам титулата уште оваа година. Што се однесува до противникот… Не сум сигурен, но ќе кажам дека УФЦ работи на организацијата на борба со мене и Конор. Но ако ми дадат некој друг, од типот на ЖСП или победникот од Еди Алварез – Дастин Поериер, ќе го прифатам тоа. Се едно ми е“, откри Хабиб, потврдувајќи ги претпоставките, за кои нешто неодамна кажа тренерот на Ирецот.

Да нагласиме дека Ирецот се уште треба да ги реши проблемите со законот во американската држава Њујорк, а за два дена го чека ново судско рочиште за нападот на автобусот со борци во очи на УФЦ 223.

https://youtu.be/c7wAnk8m4w8

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО