Хабиб е сигурен дека Федор го знае името на противникот, а во игра е Андерсон Силва

Fedor mesti rakavici

Остануваат помалку од три недели до долгоочекуваниот камбек на Федор Емилијаненко во MMA, а „Последниот император“ се уште е без официјален противник.

Според Rizin Fighting Federation, тие водат преговори со неколку борци, но се уште не се финализирани ниту еден од нив.

Запрашан како ќе ја коментира чудната ситуација во Јапонија, борец на УФЦ, Хабиб Нурмагомедов, одговори дека, според него, многу е важно да го знаеш името на противникот барем неколку месеци однапред, за да може да го проучиш неговиот стил на борење и адеквантно да се подготвиш адекватно за мечот.

„Од УФЦ повеќепати ми нуделе да заменам повредени борци, но јас никогаш не сум се согласувал со таквите предлози. Многу е важно да имаш систематска подготовка, изградена врз конкретниот стил на твојот противник. Ова е логичен, професионален пристап. Сепак ние се натпреваруваме во УФЦ, а не на улица“.

Сепак, Хабиб е сигурен, дека единствените луѓе кои се уште не знаат кој е противникот, се навивачите на Федор.

„Сигурен сум дека тој го знае името на идниот ривал, но оваа информација се уште не е јавно објавена“.

Инаку, неофицијално, се спомнува пресметка со Бразилецот Андерсон Силва.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО