Хабиб до Чендлер: Оди си, не си добредојден во Абу Даби!

Мајкл Чендлер е резерва за главниот настан на УФЦ 254 – борбата помеѓу Хабиб Нурмагомедов и Џастин Гејџи, но Хабиб го советуваше поранешниот трикратен шампион во Белатор да си ги спакува куферите и да си оди дома.

Чендлер во моментов е во Абу Даби, но Нурмагомедов верува дека ветеранот во ММА викендов не заслужува борба на големиот настан.

„Нема да треба да го користам моето борење против Мајкл Чендлер. Знам дека дојде во Абу Даби, измери се и оди дома … Оди дома и бори се со други борци. Тој не е борец на шампионско ниво“, рече Нурмагомедов.

Чендлер е всушност поранешен борач на НЦАА и важи за еден од најдобрите борци во лесна категорија во светот. Има победи над Бенсон Хендерсон и Еди Алварез, поранешен шампион на УФЦ. Чендлер е на штрек ако Хабиб или Гејџи се повредат пред УФЦ 254.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО