Григор Хаџи-Кимов седми во светот, еден чекор го делеше од борбата за медал

Еден чекор го делеше Григор Хаџи-Кимов од борба за борнзениот медал на Светското карате првенство за кадети, јуниори и У-21 во категоријата до 67 килограми во У-21. Хаџи-Кимов во репасажот салвеше против Савели Лобанов од Украина со изјаснување по нерешниот резултат 0-0, а во втората борба загуби од Нуран Рзазаде (Азербејџан) со 2-4.

Така, Хаџи-Кимов го освои седмото место на Светското првенство.

Да потсеттиме, денес Витомир Трајковски и Стефан Стојановиќ се пласираа во големото финале на СП во тешките категории до 84 и над 84 килограми.

Нивните мечеви за златните медали се во недела.

На СП настапуваат 1859 каратисти од 105 држави.

Резултати СП:

У-21
-67 кг
Григор Хаџи-Кимов – Самуел Џош Рамос (Исланд) 3-0
Григор Хаџи-Кимов – Абдулхамед Мусави (Ирак) 3-3
Григор Хаџи-Кимов – Саид Оубаја (Мароко) 0-5
Репсаж
Григор Хаџи-Кимов – Савели Лобанов (Украина) 0-0
Григор Хаџи-Кимов – Нуран Рзазаде (Азербејџан) 2-4

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО