„Градска.мк“: Финансиски злоупотреби во Карате федерацијата -Се исплаќале ли незаконски пари на приватни клубови?

Порталот Градска.мк објави текст и документи до кои дошол, со кои укажува на неправилно користење на средства од страна на селектрот на Карате федерацијата на Северна Македонија Александар Кузмановски и претседателот на КФСМ Петар Белистојаноски во 2022 и 2023 година користеле пари на федерацијата за сместување и учество на претставник од клубот „Олимпик“ на клупски турнири што е спротивно со Правилникот на КФСМ.

„Уште поспорно е што овие средства се користеле за патување на синот на Белистојаноски, најпрво во Словачка на „Гранд при Словачка”, потоа во Будимпешта на Интернационалниот карате турнир „Будимпешта опен“ и во Подгорица на Интернационалниот контролен турнир „Куп на Шампионите“.

Имено од касата на Федерацијата на 08.04.2022 година на Автоопрема Дооел Скопје – Подружница Смарт Травел се уплатени 19.800 денари со цел на дознаката: Превоз и сместување за неговиот син М.Б. кој тренира и е член на клубот Олимпик кај селекторот Александар Кузмановски за турнирот во Братислава“, наведува во текстот Градска.

Целиот текст може да го видите ТУКА

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО