Нуров триумфираше на силниот турнир „Медвед“ во Минск (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Могамедгаџи Нуров (97 кг) го освои првото место на силниот Меѓународен турнир во борење „Медвед“ во Минск, Белорусија, кој се одржува во чест на легендарниот трикратен олимписки победник Александар Медвед.

Ќе истакнеме дека ова е првпат еден македонски борач да е победник на овој елитен боречки турнир.

Нуров до финалето убедливо ги победи сите противници (двајца репрезентативци од Белорусија и двајца репрезентативци од Русија). Во финалето славеше со туш.

Нуров демонстрираше врвна форма пред олимписките квалификациски турнири, да се надеваме дека ќе освои олимписка норма за Париз 2024.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО