Гоце Јанески најдобар на „Мечот на шампионите“!

Goce janeski najdobar na Mec na sampionite

Гоце Јанески од БК Аперкат е прголасен за најдобар боксер на „Мечот на шампионите“ што денеска се одржа во Скопје, во наеселбата Автокоманда, додека неговиот противник Осман Демиров од БК Баргала за најдобар боксер. А домаќинот Аперкат беше помалку „нељубезен“ зашто оставри пет подеби и е најсупешен клуб на турнирот.

Борбата меѓу Јанески и Осман Демиров од БК Баргала беше најочекуваната на турнирот, затоа што беше единствена во сениорска конкуренција и имаше двајца добро подготвени боксери, кои прикажаа технички дотеран бокс, а нијансите одлучуваа кој ќе биде победник. Судиите победата му ја доделија на Гоце, 2-1.

Уште во првата рунда тргнаа силно и најизменично разменуваа удари, амалку попрецизен беше Јанески, но еден силен удар на Демиров го потресе Гоце, кој успеа да се извлече. И во наредните две рунди беше прикажан добар бокс, само неколкуте прецизни удари на Тетовецот беа пресудни.

Сепак, Македонија има двајца одлични боксери од кои може да се очекуваат големи резултати.

Najdobrite na mec na sampionite

Девојчињата во категоријата до 25 килограми, Сандра Ѓоргиева и Мила Ѓоргиева од Пинк Пантер ја дигнаа публиката на нозе, која ја исполни салата до последното место.

Кај кадетите Хумрет Јонузов до 69 кг (Шкупи) го победи Кристијан Арсов (Кисела Вода), А Шпенд Гафури до 52 кг прикажа одлична техничка префинетост над Божидар Цветановски (Ас), при што на противникот трипати му боеја, еднаш во првата рунда и двапати во втората рунда, па третата не ја почна. Вилијам Маневски до 63 кг (Куманово) беше пресилен за Ристе Ристов (Пинк Пантер) и ја доби уште во првата рунда.

Децата Стојанче Корпашев (Пинк Пантер) и Петар Арсовски (Аперкат) до 30 кг се бореа бескомпромисно, а средбата заврши нерешено. Тие беа прогласени за најмлад боксерски пар.

Јасмин Мифтар до 56 кг (Аперкат) ги покажа убавините на боксот и го принуди Богдан Богадановски (Ас) само да се брани, а во третата рунда судијата ја прекина борбата.

Никола Арсов до 64 (Куманово) и Филип Лазовски (Нокаут) се истрошија во првата рунда во која доминираше Кумановецот, а во наредните две рунди снемаа сила и едвај се движеа во рингот, а на Лазовски во втората рунда му броеја. Победи Арсов со 2-1.

Митров Андреј (Аперкат) и Серхан Џаферовски (Ас) до 80 кг пукаа од сите орудија во сите три рунди. Одлучија попрецизните удари на Митров. Овие двајца боксери беа прогласени за најборбен пар.

Ѓорги Трајковски (Шкупи) до 69 кг ја имаше првата борба против Љуљзим Исмаили (Шкендија). Трајковски во првата рунда се бореше со многу трема, а во наредните две покажа дека е цврст борец и дека му фали техника, поради што и ја загуби борбата. Исмаили се бокисраше технички одмерено и со искутвото ја доби борбата.

На турнирот учествуваа 9 клуба.

Мирко Ристевски е прогласен за најдобар тренер, а Шпенд Гафури за најперспективен боксер.

Организаторот БК Аперкат покажа дека и во нашата земја може да се организраат добри боксерски претстави со сите нишани, а така покжа како се прославува 5 роденден.

Резултати

Деца:
-25 кг Сандра Ѓоргиева-Пинк Пантер – Мила Ѓоргиева- Пинк Пантер 1-1
Кадети:
-69 кг Хурмет Јонузов-БК Шкупи – Кристијан Арсов- БК Кисела Вода 2-0
52 кг Цветановски Божидар-АС – Шпенд Гафури-БК Шкендија 0-2
63 кг Ристе Ристов-Пинк Пантер – Вилијамс Маневски-БК Куманово 2:0
Деца:
30 кг Стојанче Корпашев-Пинк Пантер – Петар Арсовски- Аперкат 1:1
Јуниори:
56 кг Јасмин Мифтар-Аперкат – Богдановски Богдан-АС 2:0
64 кг Никола Арсов-Куманово – Филип Лазовски-БК Нокаут 2:1
80 кг Митров Андреј-Аперкат – Џаферовски Серхан-АС 2:1
69 кг Ѓорги Трајковски-БК Шкупи- Љуљзим Исмаили-БК Шкендија 1:2
91 кг Виктор Стефановски-Аперкат – Роберт Ристевски-Пинк Пантер 3:0
Сениори:
75кг Осман Демиров-БК Баргала – Гоце Јанески-БК Аперкат 1:2

Најдобар боксер на турнирот: Гоце Јанески – БК Аперкат
Најдобар техничар на турнирот: Осман Демиров – БК Баргала
Најперспективен боксер на турнирот: Шпенд Гафури – БК Шкендија
Најборбер пар на турнирот: Митров Андреј- БК Аперкат и Џаферовски Серхан- АС
Најмлад пар на турнирот: Петар Арсов- БК Аперкат и Стојанче Корпашев- БК Пинк Пантер

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО