Головкин за Де ла Хоја: Ако можма некого да убијам законски во рингот, тоа и ќе го направам

Нокаутерот Генади Головкин одговори на коментарите на Оскар де ла Хоја. На крајот на минатиот месец, сопственикот на Голден бој промоцијата и поранешен професионален шампион Оскар де ла Хоја изјави дека планира да се врати во рингот и дека Головкин ќе биде „лесен меч“ за него.

Во едно од интервјуата пред претстојната борба со Камил Шереметија казахстанскиот шампион изрази сомнеж дека ваквиот меч ќе има добар ефект врз здравјето на Оскар.

„Оскар, знам за што зборуваш. Сè порзазно со мене е ноќна мора за вас. Може да кажеш што сакаш, но, знај, ако имам можност легално да убијам некого во рингот, можам да го искористам тоа“, изјави Головкин за Франс Прес.

Мајсторот во ракавици од Казахстан овој петок (18,12) ќе ги брани титулите ИБФ и ИБО. Ова ќе биде прва битка за него по повеќе од една година пауза. Последен пат Головкин со едногласна одлука на судиите го победи Сергеј Дервјаншенко и му ги одзеде титулите. Пред овој меч го нокаутира Стив Роулс. Тоа беше исто така негова прва победа по контроверзниот пораз од Сол Алварез-Канело.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО