Вајт: Ќе го натерам Хабиб да се врати

Претседателот на УФЦ, Дана Вајт е уверен во својата способност да го убеди Хабиб Нурмагомедов повторно да влезе во октагонот.

Орелот се откажа откако ја одбрани титулата против Џастин Гејџи, но оттогаш разни извори тврдат дека ова не бил неговиот последен меч во ММА. Сега Вајт рече дека очекува во следниот разговор со Нурмагомедов да ја спушти топката во корист на навивачите и повторно да влезе во меч.

„Мислам дека неговиот татко сакаше да достигне 30 борби без пораз и тоа е во неговата глава, тој сака да ја постигне таа цел заради татко му. Ќе видиме. Ќе се сретнам со него следниот месец и ќе разговараме. Можеби не сака да се бори, не го знам одговорот. Но, сигурен сум дека можам да го вратам“, изјави Вајт за БТ Спорт.

Иако официјално ја заврши кариерата, Нурмахомедов сè уште не ја ослободил титулата во лесна категорија. Ова предизвика шпекулации дека мечот на 23 јануари меѓу Конор Мек Грегор и Дастин Пориер може да биде за привремениот појас. Сепак, Вај е категоричен дека тоа не може да се случи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО