Фјури призна: Еднаш Џошуа ќе ме нокаутираше

Тајсон Фјури и Ентони Џошуа, кои во моментов ги поседуваат сите појаси во тешка категорија, имаа средба пред околу 10 години. И тогаш Џошуа беше многу близу до нокаутирање на „Кралот на Ромите“.

Инцидентот се случува за време на спаринг меч. Џошуа имал 20 години и се подготвувал за Олимписките игри, а Тајсон имал 22 години и веќе поминал во професионалци. Зборовите за она што се случи потекнува од Фјури, а кажаното се повеќе се шири на социјалните мрежи.

„Бев во клубот на Финчли пред извесно време и спарингував со шампионот во АБА, Ентони Џошуа. Мислев дека ќе ја тераме кротко работата, затоа што тој е аматер и веројатно ќе одбие да спарира доколку биде нападнат. Но, тој скоро и да ме нокаутира. Ми зададе комбинација и заврши со вистински аперкат во брадата. Да имав слаба брада како Дејвид Прајс, ќе бев нокаутиран пред еден месец.

Тој е многу, многу добар и многу млад. Следете го, тој е многу надежен боксер. Се сметам себеси за еден од најдобрите во тешка категорија во светот, а тој сериозно ме победи за три рунди. Нема да го негирам тоа, помислив: „Аматер ме убива“.

Го успорив со неколку добри удари по телото. Но, да не носиме заклучоци, бидејќи спарингот не е како вистинска борба“, рече тогаш Фјури.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО