Промо за Глори 76: Бадр – Бени (ВИДЕО)

Викендов кик бокс организацијата Глори се враќа во игра.

Глори 76 ќе се одржи во Холандија, а главната битка ќе се води во тешка категорија. Легендарниот Бадр Хари се враќа за да се бори со Бенџамин Адегбуи. Нивната битка ќе номинира предизвикувач за титулата во тешка категорија.

Хари ќе ја брка првата победа во кик боксот по 5 години, а Бени ќе се обиде да оствари една од најголемите победи во неговата кариера. За среќа, Глори доби дозвола да се одржи нејзиниот настан, иако во Холандија затворија сè поради Ковид-19. Не чека интересен настан, а додека чекаме уште неколку дена од Глори не загреваат со ново промо.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО