Макс Холовеј: Не е во ред Волкановски да е шампион

Многу луѓе постојано велеа дека Макс Холовеј е најголемиот во историјата на перолесна категорија. Ова се случи по неговите две големи нокаут победи над Хозе Алдо, а потоа и бруталната доминација над Брајан Ортега. „Благословениот“ леташе во облаците и се качиво лесна категорија, за да се обиде да освои втора титула. Загуби од Дастин Пориер и се прости од 13 последователни победи.

Кон средината на минатата година, Макс се врати во перо категорија, притоа ја одбрани титулата со победа над Френки Едгар. Неговата репутација во перо категорија остана и покрај тоа што загуби во лесна од Пориер. Сепак, на крајот на годината, Макс ја заложи титулата против Александар Волкановски и ја загуби со одлука на судиите.

УФЦ договори непосреден реванш во јули годинава, но Макс повторно загуби, но овој пат со поделена одлука. Значи, категоријата веќе го има својот нов најголем во историјата, сè додека не се појави друг да го победи. Сепак, Холовеј не се согласува со неговиот втор пораз и верува дека победил:

„Лично, мислам дека не е важно дали победив во борбата. Она што е важно е дека многу луѓе се на мислење дека јас победив. УФЦ и навивачите можат да го видат тоа. 80-90 отсто од светот сметаат дека победив. Ова е важно за нив и за мене. Многу од ММА борците и менаџерите ме поддржаа и ми рекоа дека сум победил.

Овие момци не се согласуваат за многу работи, но се согласија за едно нешто таа вечер. Александар Волкановски е шампион, но тоа не е соодветно за мене. Чувствувам дека не е во ред. Ќе се бориме повторно? Од него зависи.

Ако е до мене, тогаш ќе се борам 10 пати во 1 ноќ и 10 пати во 1 месец. Јас сум натпреварувач. Треба да се натпреварувам. Верувам дека сум на оваа земја за да се натпреварувам“.

Макс се враќа на 16 јануари за битка со Катар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО