Марк Хант загуби од рагбистот Пол Гален во бокс пресметка (ВИДЕО)

Поранешниот тешкаш во УФЦ Марк Хант загуби при враќањето во боксот. „Супер Самоа“ се соочи со поранешниот рагбист Пол Гален. Тие се бореа во Сиднеј, Австралија, во шест рунди, по што беше донесена одлука. Гален победи со (58-56 58-56 59-55).

На својот профил на социјалните мрежи, Хант го поздрави Гален, кој му ја зема мерката, иако не бил толку активен во боксот.

46-годишниот ветеран веќе има скор 0-2-1 во рингот, а 22 години подоцна повторно губи меѓу јажињата. Марк планира да направи уште неколку борби и да ја заврши кариерата во боречките вештини.

Средбата беше проследена од публика, при што и никој не носел маска.

https://www.youtube.com/watch?v=A3LTeHfJ7dc&feature=emb_logo

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО