Головкин по 13 пат ја одбрани светската титула! (ВИДЕО)

Головкин

Генадиј Головкин ja одбрани титулата на светски шампион во бокс за професионалци во категорија до 72,6 килограми на Светската боксерска асоцијација (СБА/WBA), победувајќи го со технички нокаут во 11 –тата рунда Мартин Мареј.

Казахстанецот доминираше во текот на целиот меч, следен од принцот на Монако Албер, францускиот актер Жан- Пол Белмондо, казахстанскиот велосипедист Александар Винокуров и од околу 200 Англичани. Британецот Мареј беше три пати во нокдаун во 10-тата рунда, а потоа издржа само една минута од 11-тата рунда, а судијата го прекина мечот.

Генадиј Головкин за 13 -ти пат ја одбрани титулата на СБА, која ја поседува од 2010 година. Головкин нема загубено во професионалниот ринг – тој има 32 победи во 32 средби, од кои 29 се со нокаут.

Мартин Мареј го доживеа вториот пораз на професионалниот ринг, на кој има 29 победи, од кои 12 со нокаут и 1 нерешен меч.

http://youtu.be/JOavQNRXdQA

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО