Белистојаноски и Димоски задоволни од резултатот на БП, промени во репрезентативниот состав!

reprezentacija na bp

Заврши Блаканското првенство во Чачак, Србија, на кое Македонија освои 10 медали, два сребрени и осум бронзени, во борби и во кати. Со овој успех нашата репрезентација во вкупниот пласман по број на освоени медали се најде на петото место, а убедливо прва е Србија со 17 медали (6-7-4), потоа следуваат Турција 12 (5-2-5), Хрватска 9 (3-2-4) и Црна Гора 7 (2-3-2).

На минатогодишното Балканско првенство што се одржа во Охрид, во октомври, Македонија освои 9 медали (5 златни, 2 сребрени и 2 бронзени).

Затоа ги прашуваме тренерите на репрезентацијата за првичните оценки за настапот на БП и дали се задоволни од резултатот споредено со оној од Охрид? И, дали веќе ги расчистија дилемите кои ќе бидат патниците за Европското првентсво во Итсанбул, Турција, во март?

Бронзени медалистки екипно борби за Македонија Симона Моника Наташа и Сара

 „Првенството беше многу силно, иако сите не беа во најдобра форма и сите ја темпираат формата за Европското првенство. Секако, не можеше да се очекува да се повтори Охрид, но и ова е добар настап (после Охрид најдобро и најуспешно Балканско првенство за Македонија во борби). Посебно добро сработија девојките, можеби машкиот дел малку потфрли, но сигурно на Европското првенство ќе бидат во топ форма“, вели тренерот на репрезентацијата во борби Петар Белистојаноски.

За Европско првенство нема дилеми во поединечна конкуренција: мажи -60 кг Емил Павлов (Штип), -67 Дејан Црничиќ (Кеикс), -75 Иво Цветковски (Металург), -84 Симон Антиќ (Макпетрол) и +84 кг Мартин Несторовски; жени -50 Сара Радичевска , -55 Симона Заборска , -61 Наташа Стефановска, -68 Моника Стефановска-сите од Макпетрол и +68 Драгана Тодорова од Металург.

Viktor Krstevski na piedestal

„Женската екипа е позната, таа ќе биде истата од Балканското првенство: Заборска, Радичевска и Моника и Наташа Стефановски, а за машката екипа имам две дилеми, за кои во наредниве денови ќе одлучам. Но, во глобала, ќе биде стандардната екипа од последниве две години“, посочува Белистојаноски.

Белистојановски нагласува дека бројот на освоени медали можел да биде поголем, затоа што Емил Павлов во борба за трето место водел 5-0, но направил неконтролиран удар и добил дисквалификација. Исто така и Тодор Ристески водел 1-0, а во последната секунда добил дисквалификација за четврта казна.

Тренерот на репрезентацијата за кати, Златко Димоски, истакнува дека е успех што се освоени четири медали во кати, во сите четири можни категории. Единствено машкиот ката тим освоил медал без победа, затоа што, и покрај поразот од Србија, освои бронзен медал.

„Тоа е среќа во спортот, но машкиот тим не е по квалитет со останатите балкански тимови. Кај женските паднавме во група со Србија и Хрватска, и двата тима носат медали од ЕП. Србинките ги добивме со 4-1, а од Хрватска загубивме неправедно со 3-2 (контролор на борилиште беше Хрват,а тој одредува кој судија ќе суди). Хрватките на ЕП во Тампере 2014 година беа трети, а нашиот тим на светско првенство за сениори во Бремен ги доби, а ги победивме и на Балканско и на Медитерански игри минатата година. Хрватките во финалето ги победија Турчинките. Она што ме радува, без разлика на судењето, е дека женскиот тим на Македонија е најквалитетна екипа на ова првенство. А поединечно Пуликсенија во второ коло ја победи со 4-1 Турчинката Бозан Дилара, европска шампионка, носителка на многу медали од европски и светски првенства. На последната Премиер лига во Алмере, пред една недела, Поликсенија ја доби и Србинката, а за финале загуби од Црногорката тесно 3-2, за бронза ја победи Хрватката Киук. Кај женските настапија и близначките Маријана и Мишела, кои со своите 16 години се најмали на првенството, а се претставија одлично. Маријана во прво коло загуби тесно со 3-2 од Јакшиќ_трета од Европско(22 год.). Мишела во прво коло ја победи Бугарката Гергана (25 год.), а загуби со 3:2 од Степановиќ (28 год.). Близначките со своите 16 години во конкуренција на сениорки со големо искуство на возраст од 26 до 28 години имаат светла иднина и нивното време допрва доаѓа.

КАТА ТИМ ТРЕТИ

Фери Исиќ кај машките имаше три победи и еден пораз, исто како и Поликсенија, и освои бронза. И Фери е млад и перспективен натпреварувач, од кој треба да се очекуваат резултати во иднина“, констатира Димоски.

Тој смета дека со овие резултати е дефинирана репрезентацијата за кати за ЕП во Истанбул. Според него, сигурни патници во индивидуална конкуренција се Пуликсенија Јовановска, Фери Исиќ, како  и женската екипа Маријана, Мишела и Пуликсенија, за кои истакнува дека имаат можност за добар резултат на ЕП. Машкиот тим во моментов бил далеку од квалитетот, не само од европските, туку и од останатите балкански тимови.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО