Сребрен медал за Заборска и уште 4 бронзени за Македонија!

ekipno terto mesto na bp

Симона Заборска во финалето во категоријата до 55 килограми на Блаканското првенство во Чачак, Србија, загуби од хрватската репрезентативка Јелена Ковачевиќ so 0-1, инaку нејзина добра другарка.

Заборска имаше импресивен старт совладувајќи ја Бугарката Бетина Батаклиева со 6-1, потоа Бранка Аранѓеловиќ (Србија) 1-0, па Ива Клепиќ (БиХ) 5-0 и во полуфиналето Туба Јакан од Турција со 2-0.

Во оваа категорија Јулијана Аризаноска е поразена од Кристина Панаит (Романија) 0-1, а Марија Матракоска ја победи Габур Јоана, исто така од Романија, со 4-0, но загуби од Јакан со 0-3.

Сара Радичевска го освои бронзениот медал во категоријата до 50 кг. Таа ја победи Уна Халилагиќ (БиХ) 3-0, но загуби од Серап Озечик (Турција) 1-4. Бидејќи Турчинката отиде во финалето, Радичевска во репасажот ја победи Мевлида Делиќ (БиХ) 2-0 и го освои третото место.

Sara Radicevska

Во оваа категорија Ангела Јанчевска со судиска одлука е поразена од Драгана Неговановиќ (Србија) при резултат 2-2.

Женскиот ката тим ја победи Србија 4-1, а загуби од Хрватска 2-3. На крајот го освои третото место. И машкиот ката тим го освои третото место по поразот во првата средба со Србија од 5-0.

КАТА ТИМ ТРЕТИ

Женската екипа во борби за третото место со Црна гора беше подобра при резултат 1-1, совладувајќи ја претходно Хрватска 1-0, тоа беше доволно за бронзениот медал. Инаку, во првиот меч загуби од Турција 6-0. Додека машкиот тим со 2-0 беше поразен од Босна и Херцеговина.

reprezentacija na bp

Европскиот првак Емил Павлов во категоријата до 60 кг загуби со 1-0 од Ајкут Каја од Турција. Во репасажот беше подобар од Нермин Жечировиќ (БиХ) 4-0, но загуби во клучниот меч за бронзениот медал од Арсениј Тадиќ од Црна Гора 5-0.

Горан Николовски славеше над Анте Николиќ (БиХ) со судиска одлука откако средбата заврши 0-0, но и тој беше поразен од Тадиќ. Шабан Муртиши со 4-0 беше поразен од Марко Антиќ (Србија).

Резултати од Блаканското првенствоResults (1)

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО