Головкин: Канело е еден од највалканите борци со кого сум се борел

Генади Головкин – ГГГ упати сериозна критики на адреса на Сол Алварез – Канело и го опиша како еден од најголемите валкани борци против кого се борел во рингот. Голвкин (38-0-1, 34 КО) не даде подробности за своето тврдење, но најверојатно мисли на тоа што Канело два пати падна на допинг тест пред нивната борба.

Еве што рече Генадиј во интервју за борбата со Канело на 15 септември во Невада:

„Канео е еден од најпознатите валкани и непријатни борци со кои сум се сретнал. Нема да менувам ништо во врска со борбата и просто ќе ја завршам работата за да ја зграпчам победата. Немав никакви проблеми во првата битка и мислам дека тие се оние кои имаат потреба од комплетна промена.

Ќе видите што ќе се случи на 15 септември и овој пат сè ќе биде јасно. Тие велат дека не сум добар боксер, но ако е така, зошто не ме победија? Мислам дека е тешко откако не си се борел цела година, но се сеќавам дека не ме изненади во првата борба и не удираше силно. Видов дека тој не бил борец кој има тежок удар.

Се надевам дека нема повеќе да има нерешени резултати, бидејќи во оваа средба мора да има победник. Се надевам дека борбата ќе заврши пред официјалниот крај“.

Головкин и Канело веќе имаа еденмеч зад себе во септември минатата година. Тогаш судиите досудија реми, а тоа разгневи многу фанови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО