Головкин и Канело се разбраа – реваншот е на 15 септември!

Генади Головкин и Сол Алварез – Канело се разбраа за реваншот. Ќе се одржи на 15 септември. Во него ќе бидат заложени две светски титули заедно со појасот на ИБО во средна категорија.

Веста е потврдена од менаџерот на Мексиканецот Оскар де ла Хоја. Се очекува понатамошните детали за договорот да бидат достапни во наредните два дена.

Во последните 48 часа двете страни влегоа во интензивни преговори. Во два наврата, понудата на Де ла Хоја беше одбивана од Головкин и неговиот тим.

Првично, реваншот беше закажана за март, но Алварез беше позитивен на допинг тестот. Првата средба меѓу овие ѕвезди се одржа на 16 септември 2017 година и заврши нерешено.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО