Катерина Михајлова е првата меѓународна судијка во такевондо (ФОТО)

Македонската таеквондо федерација (МТФ), односно судиското тело при МТФ, го доби првиот сертифициран меѓународен судија во олимпиското таеквондо, Катерина Михајлова.

Таа под покровителство на Федерацијата учествуваше на неколкудневниот семинар за меѓународни судии во Хрватска и се здоби со сертификат за меѓународен судија, откако успешно ја помина обуката од високо стручни лица.
Од МТФ велат дека судиите се еден од трите столба на Федерцијата и во таа насока ќе направи напори Судиското тело при да се зголеми за уште неколку меѓународни сертифицирани судии.
Од порано меѓународен судија во овој олимписки спорт е и Страшо Транталовски кој живее и работи во Канада.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО