Голема насмевка на лицето на Дана Вајт по состанокот со Мек Грегор (ФОТО)

Vajt golema nasmevka

Рекоа дека ќе се „помират“ и се чини дека успеале. Претседателот на УФЦ, Дана Вајт, синоќа на вечера се состана со својот најдоходовен борец, Конор Мек Грегор, за да одлучат кој е следниот чекор за Ирецот. Судејќи спрема објавата на Вајт на Инстаграм, договорот е постигнат.

Мек Грегор и УФЦ неодамна наидоа на првите проблеми во нивната повеќе од успешна соработка. По поразот од Нејт Дијаз, кој очигледно не може да го преболи, Мек Грегор се посвети на интензивни тренинзи за реваншот на УФЦ 200. Проблемот настана кога шампионот во перолесна категорија одби да седне во авион за САД, каде што требаше да се направи промоција за претстојниот настан. Потоа УФЦ го отстрани од листата за борби, Мек Грегор замина во пензија, па се врати, но одлуката на челниците на компанијата не се промени.

Но, Вајт вчера конечно се сретна со Мек Грегор за да разговараат за идните планови. Што се договориле се уште е непознато, но Вајт по средбата објави слика во друштово косопственикот на компанијата, Лоренцо Ферита. На сликата Вајт има голема насмевка и баш на тоа место е тагиран Мек Грегор. Ка-Чинг!

Vajt i Ferita vo kola

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО