Абреша Реџепи имаше прием кај градоначалникот Стевче Јакимовски

Abresa na priem kaj Stevce

Абреша Реџепи имаше прием кај градоначалникот Карпош, Стевче Јакимовски, по освојувањето на бронзениот медал на Европскиот џудо куп Напокав о Клуж – Романија, во кадетска категорија до 48 килограми. Освоеното трето место е еден од најголемите успеси џудо спортот во Македонија.

Abresa i Mcko kaj Stevce

На приемот кај првиот човек на локалната самоуправа, Реџепи и нејзниот тренер, Горан Мицкоски, ги истакнаа предизвиците со кои се соочува џудото кај нас, и ги најавија следните меѓународни учества на џудистката во Португалија и Финска.

Градоначалникот Јакимовски вети финансиска поткрепа за репрезентативката, а и посака уште поголеми успеси на меѓународните турнири.

Abresa i ostanatite kaj stevce

Ipon.mk/В. Д.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО