Голем скок за Луке по победата над Вудли

Висенте Луке се искачи на ранг-листата на УФЦ во полусредна категорија откако го победи Тајрон Вудли со завршница на крајот од првата рунда на УФЦ 260 настанот што се одржа минатиот викенд.

Бразилецот скокна за 4 места и од денес е веќе е 6-ти.

Вудли, пак, по четвртиот последователен пораз во октагонот, падна за три позиции – сега е број 10. Не е јасна неговата иднина со оглед на фактот дека најпознатиот ММА синџир во светот веќе некое време прави „чистка“ на борците кои влегуваат во долга негативна серија, како што е случајот со Вудли.

Мајкл Киеза е другиот борец во оваа категорија што го смени пласманот од претходната ранг-листа. Од денес, тој е број 7, што е регресија за 1 место.

Лидер, по шампионот Камару Усман, останува Колби Ковингтон. По него е Жилберт Барнс, а првите 3 ги комплетира Леон Едвардс.

На дното на списокот се: Белал Мухамед (13. место), Шон Брејди (14.) и Роби Лоулер (15. место).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО