Голем интерес од ТВ компаниите за мечот Кличко-Пулев

ctk-box-klicko-pulev-201406250641101_galerie-980

Претстојниот дуел за светската титула меѓу Кубрат Пулев и Владимир Кличко очекувано предизвикува голем медиумски интерес во целиот свет. Популарниот американски телевизиски канал ХБО исто така најави дека ќе го пренесува овој боксерски меч.

„Љубителите на боксот ја познаваат историјата, мистиката и цената на титулата во тешка категорија, и ние ќе имаме задоволство да ја презентираме најголемата битка директно“, соопштија од американскиот медиум ХБО (HBO), која на целиот настан ќе му даде поголемо значење.

„Кличко ги поседува сите посебни квалитети потребни во спортот. Немаме трпение да ја прикажеме одбраната на титулата“, додава потпретседателот на компанијата, Питер Нелсон.

Кличко и Бугаринот Кубрат Пулев ќе се сретнат на 15 ноември во германскиот град Хамбург, а Украинецот ќе брани три од четирите титули во верзиите WBA , IBF и WBO .

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО