Гоити Јамаучи со одличен нокаут го совлада Нејман Грејси: Беше тоа во стилот на Трипл ГГГ (ВИДЕО)

Во главната борба на настанот Блеатор 284 што се одржа во Сиукс Фолс, Јужна Дакота, Гоити Јамаучи го победи Нејман Грејси со нокаут во втората рунда.

Во вториот меч во полусредна категорија, Бразилецот роден во Јапонија со одличен аперкат го погоди противникот и со тоа стигна до 18 победа во кариерата и трета во низа.

„Отсекогаш сум бил борец кој брани. Но, сега погодив во стилот на Трипл ГГГ (Генади Головкин). Сакам да приредувам шоу“,  изјави Гоита Јамаучи, кој му го нанесе вториот пораз во низа и четврти во последните шест настапи на противникот, мајсторот во џиу-џицу.

Грејси веќе во првата рунда ја почувствува силата на ударот на Јамаучи, но успеа да се опорави. Но, тоа укажуваше на насоката на средбата.

Следуваше одлична завршница и ефективен крај на борбата.

„Таа победа ми значи многу, триумф во главната борба на настанот против Грејси, еден од најдобрите граплери во светот. Немам зборови да го опишам“, додаде Гоити Јамаучи.

Во конасловната борба меѓу Валентин Молдавски и Стив Моури е поништена, откако рускиот борец му го брцна прстот во очи противникот.

Прекинот траеше неколку минути, а откако докторот го прегледа Моури, судијата Кевин Мекдоналд го прекина мечот во 54 секунда.

Резултати Белатор 284, главна програма:
Гоити Јамаучи – Нејман Грејси – КО, Р2 (3:58)
Валентин Молдавски – Стив Моури – поништена (брцање во очи), Р1 (0:54)
Илима-Леј Макфарлан – Бруна Елен – едногласна одлука (29–28, 29–28, 30–27)
Гокан Сариџам – Саид Соума – поделена одлука (29-28, 28-29, 29-28)
Арон Џефери – Остин Вандерфорд – ТКО, Р1 (1:25)

Воведни борби:
Маркос Брено – Џош Хил – едногласна одлука (30–27, 29–28, 29–28)
ДеАна Бенет – Џастин Киш – едногласна одлука (29–28, 29–28, 29–28)
Саливан Коли – Тајсон Џефрис – КО, Р1 (1:39)
Пат Дауни – Кис Нелсон – завршница (гушење со рачен-триаголник), Р1 (0:36)
Бејли Шенфелдер – Марк Куриер – завршница (давење од позади), Р2 (2:35)
Мичел Меки – Тони Ортега – ТКО, Р2 (1:28)
Маја II – Брет Бај – едногласна одлука (30–27, 30–27, 30–27).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО