Робин ван Росмален ја заврши кариерата

Робин ван Росмален објави дека ја завршува кариерата во боречките спортови.

Поранешниот двократен шампион на Глори оцени дека неговото здравје не му дозволува да се натпреварува на високо ниво. На 13 јануари 2021 година, Росмален и неговата помлада сестра беа вклучени во сообраќајна несреќа во нивната родна земја Холандија.

Робин беше хоспитализиран со повеќе повреди, а неговата сестра беше прогласена за мртва, како последица на повредите. Поминаа година и пол од тој инцидент, но сепак Робин не се чувствува исто.

Кариерата ја завршува со скор 51-18 во кик бокс и 2-0 во ММА. Росмален беше потпишал со Белатор, но никогаш не дебитираше. Во Глори ги освои титулите во лесна и перо категорија.

„Од денеска со болка го најавувам моето пензионирање. Како што знаете, работев напорно, психички и физички за да се опоравам од трагичната сообраќајна несреќа во која бев вмешан пред 1,5 година.

Во последните неколку недели дојдов до заклучок дека нема да можам да се вратам на нивото на кое бев пред несреќата. Нормално, би дозволил моето его да победи, но знам колку е опасен овој спорт кога вашето здравје не е онаму каде што треба.

Гледајќи наназад на мојата кариера, можам да кажам дека сум горд на моите достигнувања. Она што започна како натпреварување на мали турнири во локалната сала, прерасна во седумкратен светски шампион во кикбокс на Глори во 2 различни категории.

Мојата ММА кариера беше кратка. Како што сите знаете, не беше како што сакав да биде поради пандемијата. Многу сум благодарен за целата обука што ја имав во Америка и за неверојатните пријатели што ги стекнав. Патувањето е нешто што никогаш нема да го заборавам.

Сакам да им се заблагодарам на мојот тим, спонзорите, поддржувачите и на сите организации во кои се борев за сите неверојатни години заедно. Благодарение на овие луѓе, мојот сон стана реалност.

Ви благодарам на сите за љубовта и поддршката. Го гледам секој од вас! Глори, ја чекам мојата покана во Куќата на славните“, изјави Росмален на социјалните мрежи.

Росмален сигурно ќе најде место во Куќата на славните на Глори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО