Дана Вајт: Хамзат Чимаев е следниот Конор Мек Грегор

Не е тајна дека Хамзат Чимаев е еден од новите миленици на Дана Вајт.

Чеченската ѕвезда го освои срцето на Вајт по 2 борби во 2 различни категории за 10 дена. „Борз“ ги доби двата меча со сабмишн и постави нов рекорд во поновата историја на УФЦ. Следеа уште две победи со прекин во првата рунда и акциите на ѕвездата пораснаа.

Чимаев во април годинава го помина најголемиот тест во кариерата. Се соочи со Жилберт Барнс и го победи со одлука. Така Хамзат влезе во топ 3 на најдобрите во велтер категорија на УФЦ. Сега Дана му договори борба со американската ѕвезда Нејт Дијаз.

Тие ќе го предводат настанот УФЦ 279 на 10 септември во Лас Вегас. Вајт, одговарајќи на прашања од корисници на мрежата за GQ Sports, посочи на Чимаев дека веројатно го повторува комерцијалниот успех на Конор Мек Грегор.

„Кој во сегашниот состав на УФЦ може да достигне иста вредност за УФЦ како Конор? Можеби Хамзат Чимаев. Ајде да видиме“, одговори Дана.

Дали Чимаев е следниот Мек Грегор?

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО