Хрговиќ е подготвен за пресметката против Кинезот Жанг: Време е за Саудиска Арабија!

Пред 30-годишниот Филип Хрговиќ (14-0) е најголемата борба во неговата кариера. Најдобриот хрватски боксер на 20 август во Саудиска Арабија ќе се бори против девет години постариот Кинез Жилеи Жанг (24-0-1) во елиминаторски меч за титулата шампион на ИБФ.

Нивната борба е вклучена во програмата на отворањето на големиот спектакл на кој ја предводи борбата помеѓу Александр Усик и Ентони Џошуа во која Украинецот ги брани шампионските појаси на ВБА, ИБФ и ВБО во тешка категорија.

Хрговиќ и Жанг требаше да се пресметаат во мај во Лас Вегас, но Филип го откажа настапот поради смртта на неговиот татко.

Сепак, Кинезот настапи на тој настан, главен беше дуелот меѓу Дмитри Бивол и Канело Алварез, притоа со нокаут во првата рунда го совладаа Американецот Скот Александар.

„Подготовките во Америка завршија. Време е за Саудиска Арабија“, порача Хрговиќ во објава на Фејсбук со видео кое можете да го погледнете ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО