Дана Вајт ги наведе петте најголеми борци во историјата на УФЦ: Го изостави Хабиб, но не и Конор

Претседателот на УФЦ предизвика доста контроверзии со својата листа.

Дебатите за најголемиот борец во историјата на УФЦ се бескрајни, а сите никогаш нема да се согласат само за едно име. Кога станува збор за рангирањето на топ 5, има некои имиња кои се константни, но има и контроверзи околу таквите рангирања.

Претседателот на УФЦ, Дана Вајт гостуваше во емисијата на GQ Sports каде одговараше на прашања од фановите. Едно од прашањата беше за петте најголеми борци во историјата на УФЦ, а Дана Вајт ги наведе следните борци.

„Џон Џонс, Андерсон Силва, Ронда Русеј, Конор Мек Грегор, Жорж Сент Пјер“.

Иако имињата како Џонс, ГСП и Андерсон Силва се најдоа на речиси сечија листа, тешко е да се оправда вклучувањето на Ронда Русеј и Конор Мек Грегор. Затоа и Вајт се најде на мета на критики, иако додаде дека има многу имиња кои би можеле да се најдат на таа листа, а еден од нив е и Камару Усман.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО