Гого Славески го направи првиот спаринг со светскиот првак Вили Монро (ФОТО)

Горјан – Гого Славески го одржа првиот спаринг тренинг со светскиот првак Вили Монро Јуниор. Ова е од големо значење за нашиот боксер бидејќи на 15 септември ќе го има третиот професионален меч во САД.

Да потсетиме дека Гого првите два ги доби, а пред да ја направи третата борба доби лекарска забрана поради повреда на раката.

Инаку за тренинг кампот во Њујорк со светскиот шампион Вили Моноро најзаслужен е битолчанецот Сашо Гарабиљевиќ.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО