Мејведер: Имам гранитна брада – како задавам така може и да примам удари

Непоразениот светски шампион во пет тежински категории Флојд Мејведер во текот на неговата кариера се соочил со многу големи удирачи.

Во судирот со Артуро Гати го декласира италијанско-канадскиот нокаутер. Шејн Мозли беше блиску да го собори, а Карлос Маидана многу добро го погоди во реванш-мечот во кој Аргентинецот убедливо беше поразен отколку во првата борба. Мејведер се најде во нокдаун против Карлос Хернандез во 2001 година по поразот во телото, а уште еднаш беше во нокдаун против Заба Јуда, но судијата во таа ситуација не броел.

Така што „Мани“ не е загрижен што шампионот на УФЦ во рингот ќе биде потежок можеби и до 8 килограми. Покрај тоа, не е сигурен дека Мек Грегор може да прими удар како него.

„Една работа што треба да ја знаете за боксот и боречките спортови, воопшто, е дека мора да запаметите дека ако задавате удари треба бидете во состојба и да примате. 47-мина од моите противници тврдеа дека имам кревки раце, дека сум исплашен. Последен пат кога проверив, мене никој не ме шеташе по рингот. Тоа се вика памет, тоа е поседување на интелигенција. Тоа е да имашт трпение“, изјави Мејведер на последната прес-конференција пред борбата овој викенд.

„И се што ме научи татко ми од првиот ден и понатаму го знам. Секоја комбинација на која ме научи. И се што може да се постигне во боксот. Јас сето тоа го направив. Не само еднаш, два пати, илјада пати. Јас сум роден како борец и ќе умрам како борец. На 26 август тој ќе даде се од себе. И нема да ти биде лесно Коноре. Нема да биде лесно. Запамти, Пакијао имаше бомби, Канело имаше бомби, Шејн Мозли имаше бомби. И сите тие момци одат во Куќата на славните Но, една работа во врска со мене е дека имам гранитна брада. И запамти го ова – како го задаваш, мора да бидеш во состојба и да примаш. Запамти го тоа“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО