Го споредија Хабиб со Мухамед Али

Шампионот во лесна категорија на УФЦ, Хабиб Нурмагомедов е споредуван со легендарниот боксер Мухамед Али. Шефот на најпопуларната руска ММА организација  на планетата, Андреј Громковски, го пофали Орелот за неговиот неизмерен развој на спортот.

„Имаме среќа, бидејќи шампионската титула на Хабиб се совпадна со лансирањето на УФЦ во Русија. Имаме можност да работиме со него. Многу помага во промовирањето на мешанитеборечки вештини. За многумина, Хабиб е новиот Мухамед Али. Популарен е не само во одредени земји, туку и во целиот свет. Навистина сакаме да имаме повеќе шампиони како него“, рече Громковски.

https://www.youtube.com/watch?v=qQcqBLiN4kc&feature=emb_logo
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО