Го подготвуваат Мајкл Чендлер за нов противник на Тони Фергусон

Најголемата ММА организација во светот (УФЦ) е близу до потписот на Мајкл Чендлер, кој е слободен агент. Дана Вајт и компанијата планираат да му дадат голема дебитантска битка на поранешниот шампион во Белатор.

Неодамна дознавме дека Дастин Пориеr не е задоволен од платата што му е понудена во бoрбата против Тони Фергусон. Дастин се налути и објави дека нема да се бори.

Вајт не планира да го моли Пориер и планира да ги соочи Чендлер и Фергусон на УФЦ 254, што ќе се одржи кон крајот на следниот месец во Абу Даби.

Во моментов, ова се плановите, но сè уште нема договор и не е познато дали Фергусон има интерес за ваква средба. Чендлер има учинок 21-5 во ММА и е во серија од две последователни победи со нокаутот во првата рунда. Тој победи во 5 од последните 6 битки.

https://www.instagram.com/p/CFNJWDQpz7R/

https://www.instagram.com/p/CFNkmggJZE3/

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО