Гловер Тешеира сака да го собори рекордот на Ренди Кутур

Поранешниот шампион Гловер Тешеира требаше да се бори во реваншот против Јиржи Прохаска на настанот УФЦ 282, но Чехот го откажа мечот поради повреда.

После тоа промоцијата му понуди на Тешеира борба против Магомед Анкалаев, што тој ја одби.

Така, настанот го предводеше борбата меѓу Јан Блахович и Магомед Анкалаев, кои се бореа за шампионскиот појас во полутешка категорија. Мечот заврши нерешено.

Неодамна УФЦ му даде нова шанса на Гловер Тешеира да го добие појасот, па 43-годишниот Бразилец ќе се обиде да дојде до титулата против Хил Џамахал во јануари во Рио де Жанеиро.

И ако ја добие таа борба, ќе се доближи до рекордот на легендарниот Ренди Кутур.

Имено, Ренди е најстариот шампион во историјата на организацијата со 45 години и 60 дена, а има уште еден рекорд, тој е најстариот УФЦ борец со победа (47 години и 68 дена).

„Сакам да испишам историја. Се чувствувам одлично. Можеби ќе го соборам рекордот на Ренди Кутур, тој е единствениот борец пред мене“, изјави Гловер Тешеира.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО