Поранешен боксерски шампион, а сега пратеник, е уапсен, не си ја платил сметката!

Дмитри Пирог одби да плати сметка во ресторан, која беше 20 илјади рубли, околу 228 евра.

За поранешниот светски шампион во бокс финалниот меч на СП 2022 дефинитивно ќе му остане засекогаш во сеќавање. Пирог, кој сега е пратеник во Државната дума, заедно со своите пријатели го следел натпреварот во ресторан на аеродромот Пулково во Санкт Петербург.

Според каналот База, Пирог и друштвото на почетокот се однесувале доста добро, гледајќи го финалето додека го чекале својот лет. Кога дошло време за заминување, Дмитри побарал сметка. Бил изненаден, затоа што со неговите луѓе испиле изеле 20 илјади рубли.

Гледајќи толкава сума пратеникот одбил да плати, поради што била повикана полиција. Службениците на редот слушнале неколку навреди од Пирог, по што го уапсиле. Полицијата на Пирог не му покажува посебен третман и го спушта на земја.

Во моментов не е познато дали Пирог успеал да го реши конфликтот со органите на редот. Русинот беше шампион на ВБО во средна категорија и забележа 20 победи и 0 порази во рингот. Дмитри имаше хронични здравствени проблеми, поради што се повлече од боксот во 2012 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО