Катерина Михајлова Јордановска застана на чело на Судиското таеквондо тело во Македонија

Најистакнатиот македонски судија на меѓународните настани во таеквондо и Катерина Михајлова сега Јордановска на годишното Собрание на Македонската таеквондо федерација е избрана за преседател на судиското тело во Македонија.

Катерина Михајлова Јордановска е запознаена таеквондото од својата 5-та година, каде што ги прави првите чекори во клубот на нејзиниот татко, а и денес работи ТК Кобра.

За Катерина, таеквондото од прва спортска љубов денес преставува на живот, секојдневие. Таа е судија 9 години, а меѓународен судија работи 5 години. Добитник е на бројни награди и признанија од учество на различни меѓународни турнири, балкански и европски првенства. Нејзинта идеја е да се формира силен судиски тим во Македонија кој ќе се пробие надвор од границите на државата.

„Замислата ја имам, целите се поставени и се надевам за брзо време ќе дејствуваме заедно со Македонската таеквондо федерација, за да реализираме заеднички проекти кои ќе бидат од општо добро за сите вклучени во таеквондо спортот во нашата држава“.

Инаку Катерина професионално работи како тренер веќе 14 години во својот клуб Кобра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО