Гарабиљевиќ: Клареса Шилдс ги одбрани ВБЦ и ИБФ титулите (ВИДЕО)

Клареса Шилдс (5-0, 2 КО) прв пат ги одбрани титулите на ВБЦ и ИБФ во суперсредна категорија.

22-годишната двократна олимписка победничка во Верона, Њујорк, со едногласна судиска одлука по 10 рунди ја победи 41-годишната Тори Нелсон (17-1-3, 2 КО) и и го нанесе првиот пораз во кариерата.

Шилдс ги доби сите рунди и сите судии мечот го бодуваа 100 спрема 90.

Сашо Гарабиљевиќ со Ергашиев и неговиот тренер

Според битолчанецот Сашо Гарабиљевиќ, кој го следеш овој настан во живо, Шилдс доминирала цело време и заслужено победила, а најдобрата борба на вечерта, спрема него, е Шохјахон Ергашиев (12-0, 12 КО) и Сони Фредриксон.

„Ергашиев настапува во велтер категорија, а оваа борба ја доби со нокаут во третата рунда и за некоја година ќе го наследи Васил Ломаченко“, изјави Гарабиљевиќ за Ipon.mk.

https://youtu.be/xsod8KUrTLA

https://youtu.be/rajsPVFGYls

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО