Шампионот во тешка категорија на УФЦ, Фрeнсис Нгану покажа дека не само што може да нокаутира, туку и да танцува. На социјалните мрежи е објавено видео од неговиот штаб каде му беа соопштени големи вести, по што Нгану покажа завидни движења.
Фрeнсис е номиниран за најдобар ММА борец и ќе се бори за наградата ЕСПН со Хабиб Нурмагомедов, Роуз Намахунас и Аманда Нунеш. Резултатот ќе биде објавен на 11 јули и точно ќе се знае кој заслужи да биде најдобар ММА борец за минатата година.
Изненадувачки е номинацијата на Нурмагомедов, кој се повлече од ММА на крајот на 2020 година. Нгану, Намахунас и Нунеш во моментов се шампиони на УФЦ. Многу љубители на ММА беа изненадени што Камару Усман не е номиниран.
Нгану дефинитивно ја заслужува номинацијата. Тој го нокаутира Стипе Миочиќ пред неколку месеци и го симна од тронот во тешка категорија. Пред оваа битка, Нгану го прегази Жаирзињо Розенструик во 2020 година за 20 секунди.