УФЦ борец ја натепал девојката оти гледала во друг маж

Пред неколку дена се дозна дека УФЦ-борецот во лесна категорија Луис Пења е уапсен. Немаше многу информации за апсењето на Пења, но се знаеше дека е за грабеж и тепање. MMA Fighting вели дека девојката на Пења го обвинува за семејно насилство.

Таа тврди дека ја удрил и и го скршил телефонот. Таа открива дека Пења дека ја обвинил оти гледа на Инстаграм профил на друг маж, а потоа ја удрил, и го зел телефонот и го скршил. Во моментов е во притвор и чека сослушување.

Луис е обвинет за грабеж, тепање и криминално однесување. Даниел Мартинез, адвокат на Пења, рече дека обвиненијата се безвредни затоа што нема докази. Неколку дена по инцидентот, Пења откри дека имал проблеми со менталното здравје целиот свој живот.

Луис има 27 години, се натпреварува во лесна категорија и има скор 9-3 во ММА. Во април годинава се бореше во УФЦ и со одлука го победи Муноз. Тој има 5 победи и 3 порази во УФЦ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО