Френсис Нгану: Постигнав вербален договор со Дионтеј Вајлдер

Френсис Нгану соопшти дека постигнал вербален договор со Дионтеј Вајлдер.

„Предаторот“ одби да потпише нов договор со УФЦ и ја напушти промоцијата како слободен агент, ослободувајќи ја титулата во тешка категорија. Нгану разговараше со Еди Херн за борба со Ентони Џошуа, но тоа нема да се случи во наредните месеци бидејќи „Еј Џеј“ веќе има договорена борба.

Френсис верува дека во рок од 1 до 2 месеци ќе може да ги објави датумите и локацијата за своето боксерско деби. Во моментов, Вајлдер изгледа како веројатен противник за Нгану бидејќи двајцата веќе се договориле.

„Мојот следен чекор ќе биде боксот. Сакам да имам неколку боксерски борби и работиме на тоа. Се надевам дека во рок од месец до два ќе ги објавам можните датуми и место за борба.

Ова ќе потрае малку подолго од очекуваното. Ја разгледувам секоја опција, секој противник. Разговаравме за опцијата Ентони Џошуа со Еди Херн.

Разговаравме и со тимот на Дионтеј Вајлдер. Имавме неколку разговори и постигнавме вербален договор“, изјави Нгану за ЕСПН.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО