Шефот на Белатор за возможноста Нгану да им се приклучи: 50-50 се шансите

Камерунскиот борец Френсис Нгану одлучно го напушти најелитниот ММА синџир УФЦ и во моментов неговата иднина е крајно неизвесна. Поранешниот шампион во тешка категорија не можеше да се договори со Дана Вајт за финансиските параметри на неговиот потенцијален нов договор и реши на друго место да бара подобри хонорари. Нгану навести дека тоа би можело да биде во боксот, а големите имиња во тешката категорија на удирачиот спорт зборуваа за можноста да му посакаат добредојде. Сепак, не треба да заборавиме дека Френсис Нгану е ММА борец, а свои шанси имаат и компаниите од овој сегмент од боречките спортови.

Белатор се смета за втора највлијателна промоција по организацијата на Дана Вајт, а нејзиниот шеф Скот Кокер ја опиша можноста Нгану да се приклучи на организацијата како „50 – 50“, пишува американскиот специјализиран сајт за мешани боречки вештини MMA Манија.

„Моите луѓе разговараа со Френсис, знам дека се сретнаа. Ќе биде добар за бокс и за ММА, но се уште немаме конечни договори. Можноста за договор се уште не е блиску. Да видиме што ќе се случи“, коментира Кокер.

Сопственикот на Белатор рече дека Нгану премногу ќе ја чини организацијата, особено ако се потврдат гласините дека неговата следна борба ќе вреди околу 30 милиони долари. Информацијата ја потврди и менаџерот на Камерунецот Али Абделазиз, кој изјави дека за помалку Френсис нема да влезе ниту во кафезот, ниту во рингот.

Многумина веруваат дека следната борба на Нгану може да биде против Тајсон Фјури. Двајцата со години се караат на социјалните мрежи, но во оваа фаза Френсис нема професионална борба според правилата на боксот. Фјури, пак, победи против Дилиен Вајт во април 2022 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО